ПОСТАПКА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

(Извадоци од Законот за возила (Сл.весник на РМ бр. 140/08) и Правилник за идентификација и  за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата Сл. весник на РМ бр. 131/09и 16/10))

„Идентификација” е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.

Кај правното лице овластено за изведување на постапката за идентификација и/или идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува постапка за идентификација на возилата што првпат се регистрираат во Република Македонија за потребите на:

Постапката на идентификација на возилата се врши само врз основа на приложена документација, без преглед на возилото и без барање за сообразување со други прописи од областа на возилата.

Идентификација на возилото од точки 4 и 5 може да се изврши во рок од една година од постојаното враќање, односно добивање на дозвола за постојано или привремено престојување, ако возилото претходно било во сопственост на барателот најмалку шест месеца пред влегувањето во Република Македонија.

Постапката за идентификација започнува со прием на барањето и проверка на комплетноста на документацијата која ја доставува барателот, а која се состои од: